НАТАЛИ ПОРТМАН СТАНА МАЈКА ПО ТРЕТПАТ „Пoстои благодарност која не ја разбирате додека сте млади“
Новороденчето им се придружи на нејзините две постари деца, 15-годишниот син Алеф и 9-годишната ќерка Амалија, кои ги има со поранешниот сопруг. Ова е нејзино прво дете со партнерот Тангуј Дестабл.
Натали Портман официјално стана мајка на три деца. Актерката (45) минатиот месец во Париз го родила своето трето дете, прво со партнерот Тангуј Дестабл.
Новороденчето им се придружи на нејзините две постари деца – 15-годишниот син Алеф и деветгодишната ќерка Амалија, кои ги има со поранешниот сопруг, режисерот и кореограф Бенџамин Милпје.
Ѕвездата на филмот „Thor: Love and Thunder“ во април откри дека го очекува третото дете.
– Тангуј и јас сме многу возбудени. Само сум многу благодарна. Знам дека тоа е привилегија и чудо – изјави тогаш Портман.
Врската со Дестабл беше потврдена во март 2025 година, откако за нив пишуваше францускиот магазин „Voici“. Во интервјуто, актерката зборуваше и за тоа како оваа бременост кај неа разбудила уште подлабоко чувство на благодарност.
Портман откри дека ова искуство за неа е „помирно“ и дека ужива во секој момент.
– Постои благодарност која не ја разбирате нужно додека сте млади. Сега постои мир и познавање на самата себе: со кого сакам да го поминувам времето, каква енергија сакам околу себе, што го прави искуството прекрасно секој ден. Знаејќи дека ова веројатно е последен пат, го ценам секој момент – рече таа.
Портман во текот на бременоста откри и дека пливала и вежбала за да остане во форма, а најголем дел од времето го поминувала со своите деца.
Таа изјави дека особено е среќна што бременоста ја поминала во Париз, уживајќи во пролетното време, прошетките низ парковите и посетите на уметнички места.
Таа откри и дека во Франција се смета дека полниот термин на бременоста трае 41 наместо 40 недели, па се пошегува дека овојпат добила „дополнителна недела“ од бременоста.