ТОПЛО ДО ВИКЕНДОТ, ПА ЗНАЧИТЕЛНО ЗАЛАДУВАЊЕ Промената ќе дојде со дожд, грмежи и со ветер
УХМР за утре и за задутре издаде портокалов метеоаларм за топло време. Предвидени се максимални температури до 35 степени Целзиусови.
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
УХМР за утре и за задутре (10 и 11 септември) издаде портокалов метеоаларм опасност од топло време. Предвидени се максимални температури до 35 степени Целзиусови.
Утре во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 15 степени наутро, до 34 степени во текот на денот.
Во петок времето ќе биде сончево и топло.
Во деновите од викендот под влијание на циклонска активност ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и засилен северен ветер.
Од сабота дневната температура ќе биде во значително опаѓање.
