АНГЕЛОВ СО ДУША ГО ЧЕКА НАЈАВЕНИОТ ДОЖД Избил пожар над изворот на Вардар

Пожар од селото Белица вчера навлезе во ловиштето Јасен. Тој е изгаснат, но постои опасност повторно да избувне во попладневните часови.

0

Пожар избил вчера над изворот на Вардар, Вруток, пожарот се наоѓа на тешко пристапен терен, а гостиварските пожарникарите успеале да го стават под контрола. Сѐ уште постои опасност од негово ширење зашто се наоѓа на тешко пристапен терен, соопшти денеска Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

Тој се надева дека врнежите кои се најавени за попладнево ќе ги изгаснат сите жаришта.






Ангелов вели дека во моментов нема алармантни пожари во земјава, но дека сѐ уште гори во местото Рамно на Скопска Црна Гора.

– Пожар од селото Белица вчера навлезе во ловиштето Јасен. Неколку огнени тимови со пинцгауери се обидоа да го изгаснат, утрово немаше пожар. Но постои опасност повторно да избувне во попладневните часови. Сепак, се надевам дека прогнозата на УХМР ќе испадне точна и дека ќе падне дожд и ќе стави крај на овој пожар кој може да прерасне во многу непријатен пожар – рече Ангелов.

Вчера имало повеќе од 30 пожари.

Поврзани содржини