📷 ВЕДНАШ ПО КОНЦЕРТОТ СЕ ФАТИЛЕ ЗА МЕТЛИТЕ Чистењето околу стадионот траело до рано утрово
Веднаш по завршувањето на музичкиот спектакл со Дејвид Гета по повод 35 години независност на Македонија, екипите на Град Скопје започнале со расчистување на отпадот околу стадионот и во Градскиот парк.
„Со многу труд и посветеност, се погрижија зад големата прослава да останат убавите спомени, а утрово просторот повторно да биде чист и уреден“, напиша градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и му се заблагодари на секој работник кој ноќта ја поминал на терен.
Чистењето траело до раните утрински часови.