БУГАРСКИ ПРАТЕНИК СОБРА 27.000 ЕВРА ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ПОЖАРОТ Ќе бидат донирани на семејствата на настраданите кои се лекуваат во Софија и во Варна
Бугарската држава ќе ги покрие нивните трошоци во првите 7 до 10 дена. Проблемите ќе дојдат потоа. Најверојатно, ќе има потреба од пластична хирургија и секакви интервенции, изјавил пратеникот Манол Пејков за БНР.
Бугарскиот пратеник Манол Пејков од 16 март до 19 март преку хуманитарна кампања на својата фондација „Манол Пејков и пријатели“ собрал околу 54.000 лева, односно околу 27.000 евра, објави БНР.
Пејков објави дека дека сите парични средства кои се собрани ќе бидат донирани на семејствата на настраданите кои се лекуваат во Софија и во Варна.
– Ситуацијата е многу тешка. Нашата прва насока беше поврзана со луѓето кои се во Бугарија и треба да стојат покрај креветите на нивните деца кои се здобија со тешки изгореници. Бугарската држава ќе ги покрие нивните трошоци во првите 7 до 10 дена. Проблемите ќе дојдат потоа. Најверојатно, ќе има потреба од пластична хирургија и секакви интервенции – вели Пејков за БНР.