📽️ НЕ СЕ ПЛАСИРАА НА СВЕТСКО? БАРЕМ ИМААТ ТОПКА-БЕГАЛЕЦ Џиновски реквизит ќе направеше хаос во Ел Салвадор
Британскиот „Сан“ објави снимка на која огромна фудбалска топка, оттурната од силен ветер, се тркала низ четири сообраќајни ленти и завршува на камион во Ел Салвадор.
Додека репрезентацијата на Ел Салвадор не успеа да избори место на Светското првенство, една огромна фудбалска топка сепак успеа да стигне во центарот на вниманието.
Силно невреме во Сан Салвадор откорнало џиновски надувувачки реквизит поставен по повод Мундијалот, по што топката почнала сама да се движи низ прометна улица.
Снимката за кусо време стана хит на социјалните мрежи.
Според британскиот „Сан“, топката била поставена пред трговскиот центар „Бамбу“. Силен ветер ја оттурнал преку четири сообраќајни ленти.
A giant inflatable World Cup soccer ball broke free and rolled through the streets of San Salvador during heavy rain and strong winds ⚽ pic.twitter.com/nHy8GQySVt
— AccuWeather (@accuweather) June 15, 2026
Еден возач во последен момент успеал да закочи. Топката потоа удрила во палма и ја сменила насоката.
Неколку секунди подоцна завршила право пред камион што доаѓал од спротивната страна.
На видеото се гледа како огромниот реквизит челно удира во камионот. Потоа отскокнува и завршува на неговиот покрив.
За среќа, нема информации за повредени лица ниту за поголема материјална штета. Но, возачите сигурно нема брзо да го заборават натпреварот што им го приреди една залутана фудбалска топка.