📽️ ОД ЗАПУШТЕНО ДО УРЕДЕНО СКОПЈЕ Ѓорѓиевски покажа како се менува градот

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски објави видео споредба „пред и после“, најавувајќи продолжување на активности за чистење, уредување и реконструкција на јавните површини во Скопје.

0

Скопје предолго време беше град со запуштени јавни површини, нарушена хигиена и недоволно одржувана инфраструктура, се наведува во објава на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој сподели видео на социјалните мрежи со споредба „пред и после“ неговото стапување на функција.

Во видеото се прикажани делови од градот кои претходно биле во занемарена состојба, а денес, како што се наведува, се спроведуваат активности за нивно чистење, уредување и реконструкција.






– Преку посветена работа на терен се подобруваат условите за живот на граѓаните, се обновуваат запуштени локации и се создава почиста и поуредена урбана средина. Ова е процес кој бара време, труд и континуирана посветеност, но промените се веќе видливи. Скопје заслужува да биде чист, уреден и модерен град во кој граѓаните ќе се чувствуваат горди – истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Тој додава дека целта е враќање на редот, функционалноста и достоинството на главниот град, преку континуирани активности на терен и подобрување на јавниот простор.

„Затоа што го сакаме Скопје“, стои во неговата порака.

 

Поврзани содржини