ПОВЕЌЕ ОД 700 МИГРАНТИ ГО ПРЕМИНАА ЛАМАНШ ВО ЕДЕН ДЕН Тоа е рекорден број годинава
Претходно, во периодот меѓу 1 и 14 јуни, не беа забележани никакви преминувања.
Повеќе од 700 луѓе го преминале каналот Ламанш во понеделникот, во мали чамци на пат кон Обединетото Кралство, покажуваат најновите податоци.
Во Обединетото Кралство вчера пристигнале 710 луѓе за кои се претпоставува дека се мигранти, што е најголема бројка во еден ден досега оваа година. Претходно, во периодот меѓу 1 и 14 јуни, не беа забележани никакви преминувања.
Вкупниот кумулативен број на пристигнувања со мали чамци во 2026 година сега изнесува 9.852, според прелиминарните податоци на британското Министерство за внатрешни работи. Ова е за 40 отсто помалку во споредба со истиот период минатата година, кога вкупната бројка изнесуваше 16.317. Исто така, ова е за 14 проценти помалку од истиот период во 2024 година, кога вкупниот број беше 11.431.
Во понеделникот пристигнале единаесет чамци, што упатува на просек од околу 65 луѓе по чамец, пренесува ДПА.
Британската Влада во моментов има за цел да воведе повеќе мерки за сузбивање на преминувањата со мали чамци, вклучувајќи и чекори со кои би можеле да се конфискуваат личните работи на мигрантите за да се плати за нивното сместување во Обединетото Кралство.