САД И ЕУ ПОВТОРНО НА ИСТА ЛИНИЈА ЗА УКРАИНА? Мерц оптимист поради однесувањето на Трамп на самитот Г7
Ми изгледаше многу соработлив и видов дека слушаше многу внимателно - рече Мерц за Трамп.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изрази задоволство од атмосферата на неговите разговори со американскиот претседател Доналд Трамп и другите челници, велејќи дека Трамп соработувал за време на дискусиите за војната во Украина на самитот на Г7 во францускиот град Евијан.
– Ми изгледаше многу соработлив и видов дека слушаше многу внимателно – рече Мерц за Трамп, осврнувајќи се на разговорите за војната во Украина, пренесува германската новинска агенција ДПА.
Тоа на германскиот канцелар му дало одреден степен на оптимизам дека европската и американската страна сега ќе работат заедно за да ја завршат „руската војна“.
На прашањето дали Трамп се обврзал да поддржи нови санкции и дека Европејците ќе имаат место на преговарачката маса, Мерц рече дека тоа „никогаш не било доведено во прашање“.
– Сосема е јасно дека Русија не може воено да ја добие војната – уверува Мерц, тврдејќи дека „руската економија се задушува под товарот на војната и санкциите“.
– Ова би можело, можеби за првпат, да отвори можност за мир – рече германскиот канцелар.
Мерц добил впечаток дека Трамп „постепено се отвора кон оваа проценка и бара начин да се стави крај на војната“.