ЃОКОВИЌ МУ ПОМОГНА НА КАЛИН ДА СЕ ВРАТИ Македонската тениска надеж повторно блеска по долгата пауза

Македонскиот тенисер оствари четири победи во Дејвис купот по долгата пауза поради операција, а во подготовките работеше и со Новак Ѓоковиќ.

49

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски полека, но сигурно се враќа на вистинскиот пат по долгата пауза предизвикана од повреда и операција, а неговите настапи во Дејвис купот покажаа дека повторно е подготвен да биде лидер на македонскиот тенис.

Ивановски беше еден од најзаслужните за пласманот на Македонија во Втората Светска група, откако забележа четири победи во исто толку натпревари во поединечна конкуренција. Македонскиот ас ги совлада противниците од Молдавија, Косово, Грузија и Црна Гора, потврдувајќи дека постепено ја враќа препознатливата форма.






Овие мечеви беа негови први официјални настапи по минатиот август, кога одлучи да ја прекине сезоната и целосно да се посвети на решавање на здравствените проблеми и рехабилитацијата по операцијата.

Колку сериозно пристапува кон своето враќање покажува и фактот што во изминатиот период тренираше со еден од најголемите тенисери во историјата – Новак Ѓоковиќ. За Ивановски ова не е прво заедничко искуство со српската легенда, која во минатото јавно истакна дека би прифатила да одигра егзибициски натпревар со македонскиот тенисер, и тоа во Охрид.

Добрата игра во националниот дрес, заедно со работата со Ѓоковиќ, се јасен сигнал дека Калин Ивановски е подготвен за ново поглавје во својата кариера и враќање на турнирската сцена.

Поврзани содржини