ДЕ МИНОР НЕ МОЖЕШЕ ДА ПРОДОЛЖИ, ЃОКОВИЌ ЈА ОСВОИ ТИТУЛАТА По освоениот турнир во Пекинг, Ноле повторно е во Топ 10
Новак Ѓоковиќ ја освои седмата титула на „Кина опен“, откако Алекс Де Минор го предаде финалето поради повреда, а српскиот тенисер со победата стигна до 102 трофеј во кариерата.
Новак Ѓоковиќ е победник на „Кина опен“ во Пекинг, откако Алекс Де Минор го предаде финалето поради повреда во вториот сет.
Ѓоковиќ го освои првиот сет во тајбрејк со 7:6, односно 7:3 во поени. Потоа двајцата тенисери побараа медицинска помош, по што мечот продолжи, но кратко траеше.
Де Минор го освои првиот гем во вториот сет, а потоа дојде до мрежата, му честиташе на Ѓоковиќ и го предаде мечот.
За Ѓоковиќ ова е седма титула на турнирот во Пекинг. Српскиот тенисер останува со совршен учинок во кинеската престолнина – 34 победи од исто толку одиграни мечеви.
Ова е 102 титула во кариерата за Ѓоковиќ, а прва во 2026 година. Со триумфот во Пекинг тој се враќа и во Топ 10 на АТП-листата, на осмото место.