📽️ НАЈПРВО ГО ДЕЗИНФИЦИРАШЕ ВЕЛОСИПЕДОТ, А ПОТОА ЕДВАЈ СЕ ДОДРЖА Наоми Кембел ги избегна гужвите во Париз, но ги налути коментаторите со еден потег

Супермоделот темелно ги избриша деловите од јавниот велосипед пред да го вози низ Париз, но наместо чистењето, сосема друг детал од снимката предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.

47

Супермоделот Наоми Кембел го искористи јавниот градски велосипед за да ги избегне сообраќајните гужви меѓу ревиите на Модната недела во Париз. Но, пред да се качи на велосипедот, 56-годишната манекенка направи нешто по што е позната со години – стави сини гумени ракавици и темелно ги избриша деловите од велосипедот што треба да ги допира.

Додека многумина на социјалните мрежи напишаа дека би го направиле истото, им попречи еден друг другиот момент. Имено, откако го исчистила велосипедот, таа фрлила неколку искористени марамчиња на земја, што веднаш го привлече вниманието на коментаторите.






Кембел им објасни на снимателите дека заглавила во сообраќајот меѓу ревиите и дека велосипедот бил најбрзиот начин да стигне на следниот настан. Таа призна и дека долго време немала возено обичен велосипед, освен статичен велосипед за време на тренинзите, па кога се качи на велосипедот изгледаше навистина несигурно.

Во текот на возењето, ја следеше телохранител со друг велосипед.

Иако фрлањето на марамчињата на земја предизвика критики, самата одлука да го дезинфицира јавниот велосипед доби и голема поддршка и многумина се согласија дека би го направиле истото.

– И јас ги дезинфицирам рачките. Би им препорачала на сите да го прават истото, од очигледни причини – пишуваат некои од нив.

Кембел и претходно отворено зборуваше за строгите хигиенски навики, особено кога патува. Со години кружат снимки на кои пред лет детално го чисти просторот околу своето седиште во авионот.

Нејзината рутина вклучува бришење на седиштето, безбедносниот појас, екранот и другите површини што би можела да ги допира за време на патувањето.

Хигиенската рутина по која стана позната сега ја пренесе и на улиците на Париз.

Поврзани содржини