СИЛВЕСТЕР СТАЛОНЕ ЌЕ СЕ СТЕПАЛ СО РИЧАРД ГИР НА СЕТ ВО 1974 ГОДИНА Актерот објасни како започнал неговиот долгогодишен конфликт со колегата

Во своите мемоари „The Steps“, Сталоне открива детали од снимањето на „The Lords of Flatbush“ во 1974 година, кога расправијата со Ричард Гир прераснала во физички конфликт, по што Гир бил отпуштен од филмот.

0

Силвестер Сталоне во своите неодамна објавени мемоари „The Steps“ откри бројни непознати детали од својот живот. Особено внимание привлече делот во кој објаснува како започнал неговиот долгогодишен конфликт со колегата Ричард Гир.

Тензиите меѓу двајцата познати актери започнале во 1974 година, на снимањето на филмот „The Lords of Flatbush“, кој бил сместен во 1950-тите и ја следел приказната за група млади бруклински насилници.






Сталоне во книгата пишува дека на почетокот одлично му оделе импровизациите со Роберт Де Ниро, со кого тогаш исто така бил на аудиција. Но, кога дошол редот на Гир, работите тргнале во сосема друга насока.

– Гир ме фати за маицата и ноктите му се забодеа во кожата. Му реков да се тргне, но тој го направи тоа повторно при второто снимање – се присетил Сталоне.

Тогаш тој го прашал режисерот Стивен Верона дали може да реагира онака како што би реагирал во реалниот живот доколку некој го фати така.

Кога режисерот го прашал што би направил, Сталоне одговорил дека би му ги скршил забите.

Верона на тоа едноставно му рекол: Те молам, немој.

Но, тензијата продолжила неколку дена подоцна, за време на пауза за ручек на шеталиштето на Кони Ајленд.

Поради студеното време, двајцата седеле во автомобил и ручале. Сталоне земал виршла и влегол од едната страна, а Гир од другата страна влегол со големо парче масна пилешка храна, прелиена со сенф и ставена на алуминиумска фолија.

– Му реков: Тоа ќе капе врз мене, а тој ми одговори: Не грижи се – пишува Сталоне.

Но, маснотијата од пилешкото сепак се истурила врз ногата на Сталоне. Актерот тогаш го удрил Гир со лакт во градите, излегол од автомобилот, дошол до неговата страна и го извлекол од задното седиште.

– Еј, човеку, не сакам физички да се пресметувам – му рекол наводно Гир.

– Предоцна – одговорил Сталоне.

Режисерот Стивен Верона застанал меѓу нив пред ситуацијата да ескалира.

Очигледно станало дека двајцата не можат да работат заедно, па Верона го отпуштил Гир, додека Сталоне останал во филмот.

Роберт Де Ниро, пак, одделно го напуштил проектот за да работи на друг филм. Нивните улоги на крајот ги добиле Пери Кинг и Хенри Винклер, кој подоцна стана познат по серијата „Happy Days“.

Непријателството меѓу Сталоне и Гир, според пишувањата, продолжило со години.

Според мемоарите на Елтон Џон, двајцата повторно за малку ќе се степале неколку децении подоцна, поради принцезата Дијана.

Тие се сретнале на забава, а Сталоне не бил воодушевен кога забележал дека Гир одлично се согласува со Дијана. Подоцна партнерот на Елтон Џон, Дејвид Фурниш, ги забележал поранешните колеги во ходникот, како се соочуваат еден со друг и очигледно се подготвуваат физички да ги расчистат несогласувањата околу Дијана.

Мемоарите на Сталоне, „The Steps“, се објавени и веќе се достапни за читателите.

Поврзани содржини