ТЕЛОХРАНИТЕЛОТ НА ЏЕЈ ЛО СТАНА ИНТЕРНЕТ ЅВЕЗДА Фановите ѝ пишуваат на Џенифер Лопез да се омажи за човекот кој е постојано покрај неа

Џенифер Лопез повторно беше во центарот на вниманието за време на Модната недела во Милано, но овојпат нејзиниот изглед не беше единственото нешто што ги интересираше фановите. Погледите ги украде нејзиниот долгогодишен телохранител кој за неколку дена стана интернет-сензација.

0

Џенифер Лопез неодамна објави фотографии од престојот во Милано, а на дел од нив се гледа и телохранителот кој со години е дел од нејзиниот тим. Тој привлече огромно внимание откако се појавија снимки на кои ја придружува низ метежот предизвикан од обожавателите.

Во еден момент Џенифер го држи за рака додека тој ѝ помага безбедно да помине низ толпата. Токму таа сцена беше доволна социјалните мрежи да се преплават со коментари за нив двајца.






Некои фанови дури почнаа да ѝ пишуваат на пејачката да се омажи за него.

– Омажи се за него; Човекот на твојот живот е веднаш до тебе; Чекаме оваа приказна да стане реалност – се дел од коментарите што се појавија под нејзините фотографии. Други пишуваат дека телохранителот многу добро се грижи за неа и дека покрај него изгледа среќно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Интернетот веќе му даде и прекар – „hunky silver fox“, односно атрактивниот сребрен лисец, алудирајќи на неговата седа коса и изглед.

Неговото внимание кон пејачката веднаш предизвика коментари. Дел од следбениците во нивните интеракции видоа речиси филмска атмосфера, па ги споредија со филмот „Телохранител“ од 1992 година, во кој глумеа Витни Хјустон и Кевин Костнер.

– Телохранител, верзија 2026 – напиша еден следбеник.

– Сите фантазиравме за романса меѓу тебе и твојот телохранител, а потоа објави фотографија на која изгледа како тоа навистина би можело да се случи – додаде друг.

Сепак, нема никаква потврда дека меѓу Лопез и нејзиниот телохранител постои романтична врска. Тој не е ново лице во нејзиниот тим, туку со години ја придружува на јавните настапи.

Тоа не спречува дел од фановите да сметаат дека Лопез покрај себе го има вистинскиот „човек за сè“.

 

Поврзани содржини