РУСИЈА И УКРАИНА ВЛЕГОА ВО ОПАСНА СПИРАЛА НА ЕСКАЛАЦИЈА Си разменуваат закани за поинтензивни и поразорни напади
Оваа сѐ пожестока кампања сериозно го наруши животот на околу три милиони жители на главниот град на Украина во пресрет на суровите зимски месеци. Москва вели дека засилените напади врз Киев и другите украински региони се одговор на украинските напади врз цивилни цели во Русија.
Русија ќе ги зголеми нападите врз Киев и другите делови од Украина, објави руското Министерство за одбрана како одговор на интервјуто на украинскиот претседател Володимир Зеленски во кое тој најави почести и засилени напади врз руски рафинерии.
Министерството им нареди на руските сили да ги интензивираат нападите врз воените објекти, погоните на воената индустрија и поврзаната инфраструктура во Киев и на другите места во Украина.
Русија неодамна ги интензивираше нападите врз Украина, особено со напаѓање на мостовите во Киев, со цел да ги деморализира Украинците пред зимата и да ја оштети украинската цивилна инфраструктура.
Во интервју за Ројтерс, Зеленски вчера рече дека Украина дополнително ќе ги зголеми нападите врз руските рафинерии за нафта како одговор на новите тактики на воздушни напади на Москва за принудување на луѓето да го напуштат Киев и другите градови, но нема да ги гаѓа цивилите. Во тоа ќе треба да им помогнат новите балистички проекти.
Русија неодамна ги интензивираше нападите врз инфраструктурата во главниот град на Украина, при што беа погодени мостовите на реката Дњепар.
Оваа се пожестока кампања сериозно го наруши животот на околу три милиони жители на главниот град на Украина во пресрет на суровите зимски месеци. Москва вели дека засилените напади врз Киев и другите украински региони се одговор на украинските напади врз цивилни цели во Русија.