📽️ НОВ ЕЛЕКТРИЧЕН КАРАВАН СО ПОВЕЌЕ ОД 800 КС И CORSA СО 281 КС Opel со големи премиери на Саемот за автомобили во Париз
Opel на „Mondial de l’Auto 2026“ ќе ја претстави новата визија за електричен караван, финалниот GSE 27FE за Formula E, Corsa GSE со 281 КС и новото ниво на опрема GSE Line.
Opel ќе им овозможи на посетителите на овогодинешниот Саем за автомобили во Париз да ѕирнат во иднината. Поточно, во иднината на технолошки напредните и визуелно впечатливи каравани. Најновиот концепт од Rüsselsheim, визионерскиот Opel Sports Tourer eXperimental Concept, или накратко Opel STX Concept, ќе ја има својата светска премиера во француската престолнина.
Opel од 12 до 18 октомври ќе ја претстави својата целосна гама на високо динамични GSE модели. Кај Opel, GSE е кратенка за „Grand Sport Electric“, а токму овој дух на динамично возачко задоволство и впечатлив дизајн, во комбинација со Deutscher Ingenieurskunst (германска инженерска експертиза), германскиот производител ќе го претстави пред меѓународната публика. Во центарот на вниманието ќе биде новиот Opel GSE 27FE.
Болидот за Formula E GEN4 за претстојната сезона, со повеќе од 800 КС, го претставува врвот на GSE светот на Opel и за првпат ќе биде изложен во својата финална верзија за Светското првенство. Своето премиерно изложбено претставување ќе го има и новата Opel Corsa GSE, спортски модел за секојдневно возење, кој веќе е достапен за нарачка. Со моќност од 207 kW (281 КС), овој „hot hatch“ забрзува од 0 до 100 km/h за само 5,5 секунди, побрзо од кој било друг актуелен сериски модел на Opel. А за сите оние кои сакаат да го почувствуваат GSE духот, без оглед на тоа кој погон го претпочитаат, наскоро ќе имаат можност да го сторат тоа. Новото ниво на опрема GSE Line ќе биде воведено на пазарот, почнувајќи со Opel Astra GSE Line, кој премиерно ќе биде претставена во Париз.
Гамата GSE дополнително ја заокружува Opel Mokka GSE, кој го пренесува рели-духот од својот мотоспортски пандан, Mokka GSE Rally, на патиштата. Заедно со врвниот SUV со погон на сите четири тркала Grandland Electric AWD и достапниот семеен SUV Frontera Electric во верзијата со продолжен досег (Extended Range), тој ја илустрира широката понуда на нови SUV модели со препознатливиот амблем Blitz.
Заедно со потпретседателката за маркетинг Rebecca Reinermann и потпретседателот за дизајн Mark Adams, извршниот директор на Opel Florian Huettl ќе ги претстави овие и други новитети пред меѓународната публика на прес-конференцијата на Opel. Прес-конференцијата ќе се одржи на штандот A42 на Opel, во сала 4, во понеделник, 12 октомври, во 11:40 часот CEST.
Opel STX Concept: визијата за високо емотивниот и технолошки напреден караван за иднината

Opel STX Concept е смела визија за електричниот караван на иднината. Тој ги комбинира германската инженерска експертиза, емотивниот дизајн и интелигентните технологии на начин што на возачот и патниците им овозможува врвно уживање при возењето. Најновиот концепт од Rüsselsheim ја продолжува долгогодишната традиција на Opel како пионер во сегментот на каравани во Европа и јасно се надоврзува на моделите Sports Tourer со амблемот Blitz, како што е најновата генерација на Astra Sports Tourer, со кратенката „ST“. Но, STX Concept е нешто повеќе. Тој го симболизира и следниот еволутивен чекор во дизајнерската филозофија на Opel, уште посмел, поелегантен, поемотивен и поефикасен. Тоа особено се забележува кај уште повпечатливиот Opel Vizor, со светлосни анимации во закривените ламели, како и кај спуштениот заден дел и целокупниот дизајн на површините. Прецизните линии без видливи премини и карактеристичниот технички изглед дополнително го нагласуваат карактерот на возилото.
STX Concept дополнително располага со активен аеродинамички систем кој континуирано се приспособува на ситуацијата при возење. Подвижните елементи на задниот дел го оптимизираат струењето на воздухот, го намалуваат отпорот и ја подобруваат стабилноста. Така, STX Concept не е само изложбен концепт кој претставува револуционерен дизајн со иновативни технолошки решенија. Тој ја најавува и еволуцијата на караванската каросерија и веќе содржи елементи што ќе ги видиме кај идните модели на Opel.
Opel GSE 27FE: Целосно електричен GEN4 болид за Formula E со финалната тркачка верзија

Opel GSE 27FE е GEN4 болидот за Светското првенство во Formula E, во кое Opel ќе се приклучи од претстојната сезона. Тој е олицетворение на мотото на Opel GSE – „Grand Sport Electric“. Болид со високи перформанси има постојан погон на сите четири тркала, моќност од повеќе од 800 КС и моќност на регенеративното сопирање до 700 kW, со што електричниот мотоспорт го подигнува на сосема ново ниво.
И самиот изглед на болидот веднаш ги пренесува неговата брзина и перформанси. Opel Compass е особено истакнат на предниот дел и јасно го идентификува возилото како Opel. Истовремено, GSE 27FE дополнително го истакнува дизајнерскиот јазик на GSE, претставен со Mokka GSE Rally, од робусниот рели-изглед до новиот визуелен израз инспириран од високите технологии и големите брзини на Formula E. На Саемот за автомобили во Париз, Opel GSE 27FE за првпат ќе биде изложен во својата финална тркачка верзија, подготвен за дебито во Светското првенство.
Opel Corsa GSE: спортски модел за секојдневието забрзува од 0 до 100 km/h за 5,5 секунди

Новата Opel Corsa GSE, која веќе е достапна за нарачка, премиерно ќе биде изложена во Париз. Овој „hot hatch“, следејќи ја најдобрата традиција на ваквите модели, се претставува во препознатливиот GSE дизајн и ветува емоции, возбуда и високи перформанси, комбинирани со задоволството од целосно електричното возење.
Верзијата со високи перформанси на најпродаваниот мал автомобил во Германија има сè што би можело да се посака: со спуштена спортска суспензија, 207 kW (281 КС) и 345 Nm вртежен момент, новиот модел овозможува иста електрична моќност како Mokka GSE, добитникот на наградата „Златен управувач за 2025“. Но, Corsa GSE ја покажува својата спотска силуета малку повеќе. Од 0 до 100 km/h забрзува за само 5,5 секунди, побрзо од кој било друг актуелен сериски модел на Opel! На неограничените делници на германските автопати, возачите можат да достигнат брзина од 180 km/h. Перформансите дополнително го нагласува активниот спортски звук, развиен специјално за новата Corsa GSE, кој го следи возачкото искуство во зависност од забрзувањето и брзината. Така, перформансите стануваат видливи, опипливи и чујни за возачот и патниците.
Opel Astra GSE Line: динамичен GSE изглед и избор на погон

Целосно електричните спортски модели за секојдневно возење Mokka GSE и Corsa GSE ги воодушевуваат и медиумите и јавноста со своите перформанси, прецизност и високо динамичен дизајн. Затоа, Opel продолжува со брзо проширување на GSE искуството и кон други модели, а новата Astra е првиот модел што го добива новото ниво на опрема. Најпродаваниот модел во компактната класа, произведен во Rüsselsheim, за првпат ќе биде изложен како Astra GSE Line на „Mondial de l’Auto“.
Со новото ниво на опрема, купувачите ќе можат да го возат својот автомобил во препознатливиот GSE дизајн, без да се откажат од слободата на избор на погон. Новата GSE Line, која ќе биде достапна за нарачка од пролетта 2027 година, и дава на Astra уште поостар и подинамичен изглед, а може да се комбинира со целосно електричен, plug-in хибриден или хибриден погон, како и со конвенционални мотори со внатрешно согорување.
Возбудливо семејство на SUV возила: Mokka GSE, Grandland Electric AWD и Frontera Electric

Opel во француската престолнина ја претставува целосната разновидност на електричните SUV модели со препознатливиот амблем Blitz. Mokka GSE го пренесува рели-духот од својот мотоспортски пандан, Mokka GSE Rally, директно на патиштата, овозможувајќи им на купувачите да го почувствуваат сето тоа со истата моќност од 207 kW (281 КС) и вртежен момент од 345 Nm. Дополнително, тука се и технологиите инспирирани од релито, како и бројните дизајнерски и опремски детали кои будат чиста емоција. Со максимална брзина од 200 km/h, Mokka GSE е најбрзиот целосно електричен сериски модел на Opel досега.

Максималниот комфор и безбедноста при возење, во сите сообраќајни и временски услови, се меѓу главните приоритети кај Grandland Electric AWD. Првиот целосно електричен модел на Opel со погон на сите четири тркала располага со вкупна системска моќност од 239 kW (325 КС) и до 509 Nm вртежен момент. За оптимален контакт со патот и сигурно држење, клучни се подвозјето на Grandland Electric AWD, опремата со адаптивна технологија Frequency Selective Damping, како и индивидуално избирливите режими на возење. Возачите можат да изберат меѓу режимите „Normal“, „Eco“, „Sport“ и „4WD“. Како врвен модел во SUV гамата, Grandland Electric AWD обезбедува извонредна стабилност на патот и уживање во возењето, без разлика дали се вози по снег или се влече приколка за време на одмор.

Frontera овозможува особено поволен сооднос меѓу добиеното и вложеното, со иновативни карактеристики како удобните Intelli-Seats, практична станица за паметен телефон и простор за до седум лица. Во верзијата Frontera Electric со продолжен опсег, благодарение на батеријата од 54 kWh (52 kWh употреблив капацитет), моделот овозможува опсег до 400 километри (WLTP) без емисии, меѓу две полнења.
Дополнителни детали за присуството на Opel на „Mondial de l’Auto 2026“ во Париз ќе бидат објавени наскоро.