КРАЈ ЗА МАЈКЛ КАРИК НА „ОЛД ТРАФОРД“ Манчестер јунајтед не му прости на тренерот за лошите резултати

Англискиот гигант освои само осум бода на првите десет натпревари во првенството. Карик минатата сезона го одведе тимот до третото место, но не успеа да го повтори успехот.

0

Премиерлигашот Манчестер јунајтед штотуку објави соопштение со кое го потврдува отказот на тренерот Мајкл Карик.

– Мајкл се врати во клубот во јануари и го предводеше тимот до третото место во Премиер лигата, остварувајќи победи на 12 од преостанатите 17 натпревари во сезоната 2025/26, со што тимот освои најмногу бодови во лигата во тој период. По разочарувачкиот почеток на сезоната, клубот дојде до исклучително тешка одлука дека е потребна промена за да можеме да ги оствариме нашите амбиции. Мајкл е, и секогаш ќе биде, легенда на Манчестер јунајтед. Исто како што правеше додека беше играч, тој покажа највисоки стандарди на посветеност и професионалност во текот на целиот свој престој во клубот. Неговото лидерство и успесите од минатата сезона секогаш ќе се паметат со задоволство. Клубот има намера што е можно поскоро да именува постојан наследник – објави Манчестер јунајтед.






Манчестер јунајтед е на 18. место на табелата во Премиер лигата со само осум бода по 10 натпревари.

Под водство на Карик, тимот победи само на еден од своите премиерлигашки натпревари оваа сезона.

Поврзани содржини