📽️ КИМ АЛЕКСИС ЗА ТЕМНАТА СТРАНА НА МАНЕКЕНСТВОТО Една од најпознатите манекенки од 80-тите признa дека земала кокаин затоа што мислела дека е предебела

Беше една од најпознатите манекенки во 70-тите и 80-тите, со многу насловни страници, а денес, на 66 години, отворено зборува за притисокот да се биде послаб, за дрогата, забавите во „Studio 54“ и непријатните ситуации низ кои поминувала во светот на модата.

0

Ким Алексис беше една од најпознатите манекенки во 70-тите и 80-тите, со насловни страници на „Sports Illustrated“, „Vogue“, „Harper’s Bazaar“, „Glamour“ и „Cosmopolitan“. Денес, на 66 години, отворено зборува за притисокот да биде послаба, дрогата, забавите во „Studio 54“ и непријатните ситуации низ кои поминувала во светот на модата.

Алексис во светот на манекенството влегла како тинејџерка, откако како натпреварувачка пливачка била забележана поради својот атлетски изглед. Но, наместо да ѝ кажат дека токму тоа е нејзината предност, од неа било побарано да ослабе 15 килограми. Тој притисок останал со неа долго време.






– Никогаш не чувствував дека сум доволно слаба, па извесно време земав кокаин, но престанав. Решив да трчам маратони за да докажам дека сум спортистка. Истрчав осум маратони – раскажала Алексис за „Page Six“.

Нејзиното сведоштво за притисокот врз манекенките не е ново. Уште во 90-тите беше објавено дека Алексис, во периодот кога се борела со барањата да ослабе, била принудена на екстремни диети. Таа дури раскажуваше дека во еден период јадела само зелена салата, а ова имало сериозни последици врз нејзиното тело.

Во исто време, њујоршкиот ноќен живот бил составен дел од светот во кој се движела. „Studio 54“ било место на кое сите сакале да влезат, а Алексис се обидувала да го избегнува. Нејзините пријатели, сепак, инсистирале да оди со нив бидејќи така полесно можеле да влезат во познатиот клуб.

– Јас сакав да си легнам – се присетила таа. Но, кога сепак одела, гледала познати луѓе под дејство на дрога, па дури и луѓе кои биле во состојба на предозираност или целосно онесвестени.

– Беше страшно и беше тажно – вели Алексис.

Иако била опкружена со дрога и ексцеси, Алексис вели дека успеала да се тргне од тој начин на живот. Наместо да продолжи по истиот пат, целосно се насочила кон спортот и со осум истрчани маратони се обидела да покаже дека нејзиното тело не треба да биде само средство за исполнување на модните стандарди.

Таа зборува и за сексуалното вознемирување во индустријата. Нејзин агент бил покојниот Џон Казабланкас, кој подоцна бил поврзуван со Џефри Епстин и Доналд Трамп, а друга поранешна манекенка го обвинила за сексуална злоупотреба. Казабланкас ги негирал обвинувањата, а тужбата подоцна била отфрлена.

Алексис, сепак, вели дека со неа никогаш не се однесувал несоодветно.

– Го доживував како татко. Секогаш беше љубезен и се однесуваше како џентлмен – вели таа.

Манекенството, и покрај огромниот успех, никогаш не ѝ било омилена професија. Го опишува како напорна работа зад која јавноста не го гледа целиот труд. Себеси се опишувала како „томбој“, повеќе навикната на пливање и спорт отколку на светот на високата мода.

Токму затоа, кариерата ја напуштила уште во дваесеттите години. Не ја заработила огромната сума пари што подоцна ја заработуваа генерациите супермодели, но денес вели дека не жали за одлуката.

Алексис сега го води подкастот „Unexpired“, во кој зборува за животните пресврти и приказните на луѓето.

Поврзани содржини