МАЛКУ БЕА БУРМИТЕ, НАПРАВИЈА И ТЕТОВАЖИ Мајли Сајрус и сопругот си ги истетовираа имињата на колковите

Само еден ден по интимната свадба во Палм Спрингс, Мајли Сајрус и Макс Морандо направија уште еден потег со кој ја одбележаа својата љубов. Мајли го истетовира неговото, а Макс - нејзиното име. Фотографиите ги објави нивниот тату-мајстор.

0

Мајли Сајрус и нејзиниот тазе сопруг Макс Морандо решија бракот да го одбележат и со тетоважи од имињата. Мајли го истетовира неговото, а Макс – нејзиното име.

Тату-мајсторот Џејми Џин Лопез објави две црно-бели фотографии од младенците. На нив пејачката и музичарот позираат прегрнати, со откопчани фармерки за да ги покажат новите тетоважи.






– Честитки за младенците. Имиња за Макс и Мајли – напиша тату-мајсторот покрај фотографиите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jamie Gene Lopez (@jamiegenetattoos)

Тетоважите се направени само еден ден по нивната интимна свадба во Палм Спрингс, Калифорнија, на која присуствувале најблиските членови на семејството и пријателите.

На церемонијата биле родителите на пејачката, Били Реј и Тиш Сајрус, со своите партнери – Елизабет Харли и Доминик Персел. Присуствувале и сестрата на Мајли, Ноа Сајрус, како и синот на Харли, Демијан.

Мајли и Макс се заедно од 2021 година, кога се запознале на состанок на слепо. Се свршија во декември 2025 година, по четири години врска, а музичарот ја побарал за жена за време на патување во Азија.

Во интервју за „Гуд морнинг Америка“ по свршувачката, Мајли признала дека била целосно изненадена од предлогот, иако, како што рекла, сака да има контрола врз секоја ситуација.

Интересно е што пејачката веќе има повеќе од 70 тетоважи, а во една пригода признала дека жали за голем дел од нив. Сепак, оваа со името на сопругот очигледно има посебно значење.

 

Поврзани содржини