📽️ НОВА ЉУБОВ ЗА ПОРАНЕШНИОТ СВРШЕНИК НА МЕГАН ФОКС Машин Ган Кели и Дакота Џонсон со месеци се гледаат во тајност

Поранешниот свршеник на Меган Фокс и холивудската актерка се во врска, иако официјално сè уште не ја потврдиле. Според извори блиски до парот, нивната романса започнала на свадбата на Тејлор Свифт, а Дакота била таа што го направила првиот чекор.

50

Музичарот Машин Ган Кели и актерката Дакота Џонсон сè почесто се заедно, а нивната блискост веќе предизвикува големо внимание во Холивуд.

Двајцата неодамна биле забележани на романтична вечера во Лос Анџелес, а нивните заеднички излегувања во последните месеци ги подгреаја шпекулациите дека меѓу нив има нешто повеќе од пријателство.






Првите гласини за нивната блискост се појавија во септември, кога беа фотографирани во Њујорк. Сепак, извори за американските медиуми тврдат дека тие почнале да се гледаат многу порано, но внимателно ја чувале приватноста.

Според нив, клучен момент за зближувањето била свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси, одржана на 3 јули во Њујорк. Иако се познавале и претходно, токму таму наводно веднаш пронашле заеднички јазик.

На 12 септември беа снимени како излегуваат од ист теренец и заедно влегуваат во станот на Тејлор Свифт во њујоршката населба Трибека. Неколку дена подоцна, извор за магазинот „Пипл“ открил дека со месеци биле во контакт и тајно се гледале.

– Почнаа како пријатели и често си пишуваа, но сега поминуваат повеќе време заедно – рекол изворот, додавајќи дека врската е во почетна фаза и дека засега не сакаат да ѝ дадат конкретна дефиниција.

Друг извор открил дека Дакота била таа што го направила првиот чекор. Наводно, таа отсекогаш ја сакала неговата музика и го сметала за привлечен, додека Кели бил малку срамежлив во нејзино друштво.

Во октомври нивната блискост продолжила да се развива. Заедно беа забележани во Лос Анџелес, а потоа и во хотелот „Шато Мармон“. Според извор за „Пипл“, меѓу нив има силна хемија, а Џонсон често му се придружува на Кели во студиото додека работи.

Двајцата во ноември продолжиле со заедничките излегувања. Биле на вечера во Калифорнија, присуствувале на проекција на краткиот филм на Џонсон, а вечерта ја завршиле во неговото студио, од каде што си заминале дури пред три часот наутро.

Иако засега не ја потврдиле врската, нивните чести средби и блискоста што ја покажуваат пред јавноста дополнително ги поттикнуваат гласините за нова холивудска романса.

Поврзани содржини