📽️ НОВАК ЃОКОВИЌ НАПРАВИ ШОУ ВО БЕЛГРАД Српскиот тенисер се качи на сцената и запеа познат народен хит

По завршувањето на тениската сезона, Ноле излегол со пријателите во белградски клуб и на покана од пејачката да ѝ се придружи, го запеал познатиот хит „Ниту едни усни не се бакнуваат сами“, од Џеј Рамадановски, а снимката од неговиот настап брзо се прошири на социјалните мрежи.

181

Новак Ѓоковиќ го искористил престојот во Белград за вечерно излегување и дружење со пријателите, а во еден познат градски клуб ги изненадил присутните со спонтан музички настап.

За неговото појавување пред публиката била заслужна пејачката Маријана Злопаша, која таа вечер ги забавувала гостите во клубот. Како што се гледа од видеата на социјалните мрежи, таа го кани да ѝ се придружи, а Ѓоковиќ без двоумење ја прифаќа поканата. Пред публиката двајцата ја пеат песната „Nijedne usne se ne ljube same“ („Ниту едни усни не се бакнуваат сами“) на починатиот пејач Џеј Рамадановски.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marijana Zlopaša (@marijanazlopasa)

Неговиот неочекуван настап ја воодушеви публиката, а видеоснимката од тенисерот во поинакво издание набрзо привлече големо внимание на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marijana Zlopaša (@marijanazlopasa)

Ѓоковиќ моментално престојува во родниот град, бидејќи за него овогодишната тениска сезона е завршена. Слободното време го посветил на семејството и пријателите, оставајќи ги професионалните обврски настрана.

Во Белград планира да остане уште неколку дена. Со семејството ја прослави семејната слава Аранѓеловден, а потоа планира да замине на заслужен одмор.

Поврзани содржини