📽️ СЛАВНАТА ТЕНИСЕРКА ТАНЦУВАШЕ ВО ЦРН КОСТИМ ЗА КАПЕЊЕ Дијамантскиот свршенички прстен на Сабаленка го одвлече вниманието на обожавателите

Видеото на кое Арина Сабаленка танцува на техно не е единствената причина поради која деновиве се зборува за неа. Таа има голема причина за славење и на приватен план.

159

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка повторно привлече внимание на социјалните мрежи, но овојпат тоа не беше на тенискиот терен. Таа објави снимка на која танцува во црн костим за капење на техно-музика, покажувајќи ја својата опуштена страна надвор од спортските натпреварувања.

Видеото брзо се прошири на интернет, а следбениците имаа можност да ја видат тениската ѕвезда во поинакво издание од она на кое се навикнати за време на натпреварите. Сабаленка танцува расположено, со црни очила за сонце, а снимката предизвика реакции меѓу љубителите на тенисот.






Сепак, видеото не е единствената причина поради која деновиве се зборува за неа. Сабаленка има голема причина за славење и на приватен план – нејзиниот партнер, бизнисменот Георгиос Франгулис, ја побарал за жена.

 

Франгулис е основач на брендот „Оукбери“, познат по производите од акаи. Нивната свршувачка привлече големо внимание, а особено се зборува за раскошниот прстен што ѝ го подарил на тенисерката.

Накитот го дизајнирала Изабела Грутман, која со месеци работела на изработката за да одговара на стилот на Сабаленка. Прстенот е од платина, со овален дијамант од повеќе од 12 карати во средината, опкружен со смарагди.

Зад изборот на смарагдите се крие личен детал: тоа е омилениот скапоцен камен на Сабаленка. Со овој избор, нејзиниот свршеник сакал прстенот да биде посебен и да покаже колку добро ја познава својата избраничка.

Додека ужива во новото поглавје од приватниот живот, тенисерката се подготвува и за следните спортски предизвици. По паузата од натпреварувањата, ја очекува настап на турнирот во Вухан.

 

Поврзани содржини