Vae victis, или мечот на Бренус!
„Францускиот предлог“ и сето бесрамно замешателство околу него дозволи во македонскиот евроинтегративен процес да се подметне бизарен, неразумен и во основа крајно нецивилизиран билатерален „спор“ односно типична простачка уцена на една земја-членка на еу контра земја-кандидат. И потоа, типично Минхауазеновски односно евреопски, да го брани тој предлог. Ако тоа Франција не може да го види, тогаш мора еднаш да ги симне неоимперијалистичките очила за да гледа подобро!
Не случајно крајот на минатата колумна е насловот на оваа. Не само поради безобразното соопштение на Француската амбасада и историското подметнување на некакви лажни сеќавања „на оние што со својот живот ги платија одбраната на мирот и ослободувањето на територијата на она што подоцна стана Република Северна Македонија“. Небаре француската војска во текот на Првата светска војна беше на таканаречениот Солунски фронт да ја брани Македонија! А историските податоци велат дека во тие години, особено 1915-1918, покрај големите цивилни жртви и тешките последици по локалното население, биле мобилизирани и околу 200.000 Македонци во спротивставените војски на Антантата (Франција, Обединетото Кралство, Србија, Италија, Русија) и Централните сили (Бугарија, Германија, Австроунгарија и Османлиското Царство)!
И тоа е само дел на (не само) француската одбрана „на мирот и ослободувањето на територијата на она што подоцна стана Република Северна Македонија“.
А „францускиот предлог“ граѓаните на Македонија со право го доживуваат како „Vae victis“ (Нема милост за победените) – повикот на галскиот водач Бренус и неговиот меч на кантарот на којшто се мерело златото што Рим морал да го плати како откуп за заробениот град. Но, да појаснам: историските извори велат дека по освојувањето на Рим (390 година пр.н.е.) Бренус побарал откуп за ослободување на градот од 1.000 фунти злато (денешни 327,45 килограми). Кога Римјаните се пожалиле на големината на откупот, Бренус, извикувајќи дека нема милост за поразените, на кантарот го фрлил и својот меч, значително зголемувајќи ја така тежината што требала да биде соодветно надоместена со злато!
А кај нас, па и во Франција, секој има право како сака да гледа на резултатите од македонскиот евроинтегративен процес, но Македонија де факто, уште од 2005 година, е поразена во битката за членство во онаа еу (малите букви се…) со сите дополнителни диктати, барања за промена на „проблематични“ членови на Уставот, измислени реформи, нецивилизирани условувања…, сѐ до бугарското вето и „францускиот предлог“ како завршен удар. Или мечот на Бренус врз македонскиот кантар, ако е посоодветно!
„Францускиот предлог“ и сето бесрамно замешателство околу него дозволи во македонскиот евроинтегративен процес да се подметне бизарен, неразумен и во основа крајно нецивилизиран билатерален „спор“ односно типична простачка уцена на една земја-членка на еу контра земја-кандидат. И потоа, типично Минхауазеновски односно евреопски, да го брани тој предлог. Ако тоа Франција не може да го види, тогаш мора еднаш да ги симне неоимперијалистичките очила за да гледа подобро!
Иако, генерално, нашиот проблем и не мора да биде нејзин проблем. Таа се вбројува меѓу „победниците“, иако сите нивни „победи“ се страотни и со многу жртви кај другите страни. Но, „Vae victis“, нели!? Меѓутоа, веројатно и тие се свесни дека нивните агресивни – да не речам силеџиски – настапи не предизвикаа кај поголемиот дел од населението metus Gallicus (страв од Галите). Дури, реакциите, би рекол, беа спротивни: македонските граѓани беа згрозени од уцените не само на Франција и Бугарија туку и на целата еу (малите букви се резултат на нејзиниот крајно недемократски став кон Македонија!). Што пак доведе и до отпор кон ваквите „политики“ и одбивање на нови „компромиси“ наметнувани само на едната страна во „спорот“.
Од друга страна, дополнителен револт предизвикува и однесувањето на првите луѓе на еу и нивните срамотни изјави – слични на онаа на Марта „удба“ Кос – дека билатеризација на патот кон еу не треба да има, но сепак има! Каква е таа реченица, што тоа треба да значи? Нејзина лична неспособност да се спротивстави на таквите „упади“, неспособност на раководството на еу веднаш да ги отстранува таквите прашања од агендата…, или – нешто трето? И што е тоа? Зашто кога Кос вели „иако билатералните прашања не треба да се мешаат во пристапниот процес, тие понекогаш сепак се на маса и мора да се решаваат во духот на добрососедските односи“, таа не мисли на решавање на добрососедските односи на Македонија туку оние на Бугарија. При што Македонија повторно би била жртва на некакви задкулисни игри на секакви Централни сили, сега поткрепени и со сили на Антантата!
Па оттука, кога „лидеро“ на онаа секта поставува некакви „логични прашања“, како еднаш, барем еднаш, не го постави тоа логично прашање. И не ја праша миленичката им еу за „специфичниот“ однос кон Македонија, за потценувањето на македонските граѓани, за форсирањето на небулозни билатерални спорови низ призмата само на едната страна… итн.? Наместо да се шетаат со газдата му по секакви приеми, не треба ли еднаш сериозно да размислат за тоа што ѝ го прават на земјата?
Или, всушност, денес токму тој грст очигледно неразумни поединци во раководството на сектата е современиот Бренусов меч на македонскиот кантар за започнување на пристапните преговори со еу? Зашто друг рационален одговор нема за таквото нивно однесување. Кога Македонија барем по ова прашање би настапувала единствено, нештата на евроинтегративниот пат би се одвивале сосема поинаку.
Извор: Теодосиевски уметност