БИТОЛЧАНЕЦ Е НОВ СУПЕР МИЛИОНЕР Видеолотарија Касинос Австрија исплатила 14 милиони денари на играчите за една недела
Н.Т. од Битола е најновиот среќен добитник на Супер милионер на ВЛТ терминалите на Видеолотарија Касинос Австрија. Тој освои џекпот во вредност од 6.446.470 денари.
Најпосакуваната ВЛТ добивка е освоена на видеолотариските терминали кај деловниот соработник „Спортлајф“ на 20.11.2026 година во Битола. Среќната игра што ја донесе милионската добивка е „20 Charming Joker“. Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија му честита на добитникот и му посакува многу среќа и убави моменти!
Среќните вести продолжуваат и со неделниот биланс на исплати. Во периодот од 16.11 до 22.11. 2026 година, Видеолотарија Касинос Австрија им исплати вкупно 14.060.109 денари на играчите на ВЛТ низ Македонија.
Неделава се исплатени: 1 СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот за кој се исплатени 6.446.470 денари, 4 МИЛИОНЕР џекпот добивки, со вкупно исплатени 6.032.260 денари и МИНИ џекпот добивки со кои играчите заедно освоија 1.581.379 денари.
Со повеќе од една деценија успешно работење, Видеолотарија Касинос Австрија продолжува да работи во согласност со важечките законски регулативи и меѓународните стандарди, со посветеност на одговорното приредување игри на среќа, порачуваат од компанијата.