Иловица-Штука: Кој зборува од принцип, а кој од интерес?

Во Ново Село каде треба да е рудникот Иловица Штука има 76 винови насади, ама и 2.560 пасишта, а стока нема и 54% од населението е отселено.

87

Македонија е во континуиран „ЕКО“ злосторнички здружен напад каде аргументите базирани на наука воопшто не се констатираат и каде клучна цел е да се внесува паника кај сите граѓани на Македонија и во исто време да им се одземе правото на економски просперитет и благосостојба.

Како дел од новото раководство на Здружението на металурзи на Македонија, со сериозна одговорност можам да констатирам во име на колегите дека најголемите екологисти се токму оние кои знаат како може да се загади животната средина, а согласно нивните научно-образовни перформанси проследени од морални и етички човечки нормативи секако дека се најодговорни лица за зачувување на животната средина и здравјето на сите живи суштества кои го делиме овој свет. Овие лица се занимаваат со повеќе области: Геологија која го наоѓа металот, Рударот кој го ископува, Металургот кој го екстрахира и преработува.






Токму овие лица пред неколку години склучија сојуз со кој на сите странски инвеститори за отворање рудници за металични елементи (критични или благородни, бакар, злато, сребро, иридиум, платина, пандиум итн.) им предочија нови достапни технологии, а инвеститорите ги прифатија научно-образовните предлози. Тоа е следниов заклучок.

„Од сега па натаму согласно правилата на Европската Унија за заштита на животната средина има да користиме суви постапки со атмосферска влажност за да нема прашина од јаловишната смеса која ќе се создаде од откопот на рудникот и водата која нема да се користи има да се пренасочува кон следниве три категории и нивните потреби: човек, стока и останат жив свет и земјоделие“.

Овој предлог е прифатен од најголемите неотворени за нас, за жал како држава, рудници (Иловица-Штука, Плавица, Казандол, Алшар, Кожув, Петрошница, Кадаица итн., сите во источна Македонија), а кои можат да ѝ донесат милијарди евра на Македонија во блиската иднина и развој пред сѐ на образовниот систем, а тоа носи сериозен просперитет од сите аспекти.

Оваа идеологија нема да биде стопирана од никого, напротив се разработува на многу сериозен начин подолг временски период. Овие личности кои се одважија да работат за Македонија ги имаат пред себе сите потребни докази поткрепени со документи дека нашата држава е во контиуниран напад за нејзино економско и научно-образовно распаѓање.

Јас на неколку наврати кажав дека ЕКО активистите се само една групација која си мисли дека може лесно да заработува пари со едноставната измама за која добро ги обучиле, а која гласи, „Народот се плаши од непознато“, споменувајте дека имате разноразни „Зелени институти“ и напоменувајте гласно„Нашите експерти“, кои никаде не постојат во ниту еден формално-правен систем, ама имаат коалициски партнери кај сега веќе малубројните „независни“ новинари за кои непријатните финансиски дејанија кои ги сториле фамилијарно преку МРТВ сега се на виделина.

Замислете, еден самопрогласен легендарен актер, се „самоуништи“ со следнава изјава во емисијата кај Иван С. Мирчевски, која ја парафразирам иако снимката си постои: Јас сум против рудници, зашто нашето земјоделие има сериозен развој, посебно зашто Струмичката Котлина во Првата светска војна го ранела Солунски фронт.

Морееее лажење!

Само како факт финансиран од амбасада на држава сериозен пријател на Македонија која има направено статистички финансиски перфоманс и плус стратегија за развој на Југоисточна Македонија. Во Василево, село до рудникот Бучим (воздушна линија 11 км) има 1.370 винови насади во континуитет. Во Ново Село каде треба да е рудникот Иловица Штука има 76 винови насади, ама и 2.560 пасишта, а стока нема и 54% од населението е отселено.

Но ова не единствениот актер кој манипулира со јавноста. Г-динот „Трн“ кој нема никакви елементарни познавања од технолошко-металуршки процес за добивање збогатен концентрат и екстракција на истиот до метал, си зеде за право да ни соопштува дека Македонија е под инвазија на „албанскиот“ фактор, а истиот глуми во реклама во сериозна фирма која е еден од најголемите огласувачи во медиумите и сопственик е Албанец.

Но, лажењето и манипулациите не застануваат тука.

На покана од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во амфитеатарот на Технолошко-металуршкиот факултет – Скопје се одржа трибина за состојбата и стратегијата за рудници и минерални суровини на која учество зеде и големата „еко активист“ Милена Зафирова која на театрален и емотивен начин објаснуваше дека она нема да даде да се гради рудник и дека тоа е завет од нејзините дедовци итн.

Како одговор на нејзиниот настап и континуираните нејзини напади кон мене, многу се размислував да објавам соодветна фотографија каде што не се потребни зборови и затоа само ќе ја објаснам од почит кон останатите кои се гледаат, а меѓу нив и родителот на гореспоменатата госпоѓа во функција на преведувач на дел од менаџментот на идниот рудник „Иловица – Штука“.

Интересно е како некои од најгласните противници на проектот денес, некогаш немале никаков проблем да бидат во близина на инвеститорите, да разговараат со нив или и самите да аплицираат за работа во проектот кој денес толку жестоко го напаѓаат и се колнат дека отсекогаш биле против.

Секој има право да го смени мислењето. Но, не е фер да се заборави сопствената историја додека на другите им се држат лекции.

Во следната колумна ќе пишувам за Берлинското сино кој е пигмент и кој елемент се користи и како се контролира при негово добивање.

(Авторот е секретар на Здружението на металурзи на Македонија)

 

Поврзани содржини