СЕ СПРЕМА НЕВРЕМЕ СО ГРАД И ГРМЕЖИ Температурите нема да опаднат
Локално пак денес вторник 16 јуни, а утре среда 17 јуни на повеќе места во Македонија ќе се развиваат конвективни облачни грмотевични јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, вели познатиот метеопрогнозер.
Под влијание на атмосферски фронт од север со поладен воздух на висина, денес вторник 16, и утре среда 17 јуни во Македонија очекувам поголема дестабилизација на времето. Времето ќе биде променливо облачно но топло со сончеви периоди.
Температурите ќе бидат во интервалот од 27 до 33 степени, а во Скопје и околината до околу 31 степен.
Повеќе за метеопрогнозата на Славчо Попоски на следниот ЛИНК.