ТЕЛОТО ГО НАШЛЕ НА НЕПРИСТАПЕН ТЕРЕН ПО 13 ДЕНА Тажен епилог на потрагата по 75-годишен кочанец

Телото на 75-годишен жител на Кочани било пронајдено на местото наречено Блага јабука меѓу селата Јастребник и Бабиште. За неговото исчезнување семејството пријавило на 1 јуни.

208

По речиси две недели потрага, пронајдено е телото на 75-годишен кочанец за кого неговиот внук пријавил дека исчезнал од домот. Полицијата соопшти дека телото било најдено на непристапен терен кај местото Блага јабука, на 13 јуни.

Телото било најдено на колски пат.






По извршените проверки било утврдено дека станува збор за Ј.Д.(75) од Кочани, кој престојувал во селото Јастребник.

Телото било извлечено од екипи на Територијалната противпожарна единица Кочани и Доброволната планинарска служба „Осогово“.

Обдукцијата на телото треба да ги утврди причините за смртта.

Поврзани содржини