ЏАНИ САКА ДА МУ ПОМОГНЕ НА ИРАН, НО… „Персиските лавови“ мораа веднаш да се вратат во Мексико

По ремито 2-2 со Нов Зеланд, од иранската репрезентација јавно се пожалија на третманот во САД. Селекторот тврди дека биле принудени веднаш да ја напуштат земјата и да се вратат во базата во Мексико.

0

Само неколку часа по ремито со Нов Зеланд, иранската репрезентација била принудена веднаш да се врати во својата база во Тихуана, наместо да преноќи во САД и мирно да се подготвува за следниот натпревар.

Иранците тврдат дека станува збор за третман каков што нема ниту една друга репрезентација на Светското првенство и јавно прашуваат зошто токму тие се соочуваат со вакви ограничувања.






– Американците нè принудуваат веднаш по натпреварот да се вратиме во нашата база во Тихуана. Поминавме многу време во авионот, сакавме да се опоравиме и да заминеме следниот ден. Но дојдоа по натпреварот и ни кажаа дека мора веднаш да заминеме – изјави селекторот на Иран, Амир Галени.

„Џани сака да помогне, но…“

Пред натпреварот со Нов Зеланд, иранската репрезентација ја посети претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Сепак, капитенот Мехди Тареми порача дека тоа не ги решава проблемите.

– Џани сака да помогне, но не зависи од него. Сите знаете каде сме. Ќе видиме што ќе се случи во наредните денови. Засега сме во катастрофална позиција – изјави Тареми.

Гол, бод и контроверзна прослава

Дополнително внимание предизвика и стрелецот на вториот гол за Иран, Мохамед Мохеби.

По погодокот за конечни 2-2, тој прослави со гест што наликуваше на пукање со пиштол кон трибините.

Сцената веднаш предизвика реакции на социјалните мрежи, особено поради чувствителниот политички контекст што ја следи иранската репрезентација на овој турнир.

Од Мексико на Светско првенство

Политичките тензии меѓу Вашингтон и Техеран силно влијаеја врз подготовките на Иран.

Дел од стручниот штаб не доби американски визи, па репрезентацијата главниот дел од подготовките го одработи во Тихуана, наместо во Аризона каде првично беше планиран кампот.

Само неколку дена пред почетокот на Светското првенство беше постигнат договор за прекин на непријателствата меѓу САД и Иран, со што беа отстранети последните дилеми околу настапот на иранската селекција.

Поврзани содржини