📽️ ОД 50.000 ДО 6 МИЛИОНИ СЛЕДБЕНИЦИ ЗА ЕДЕН ДЕН Возиња стана најголемата сензација на Мундијалот
40-годишниот голман на Зелено'ртските Острови со седум спектакуларни интервенции против Шпанија стана херој на Светското првенство, а неговата популарност на социјалните мрежи експлодираше.
Популарноста на голманот на Зелено’ртските Острови, Возиња, на социјалните медиуми драстично порасна по ремито 0:0 со Шпанија вчеравечер во првиот натпревар од групната фаза на финалето на Светското првенство 2026.
Пред натпреварот, 40-годишниот Африканец имаше 50.000 следбеници. По натпреварот против Шпанија, неговиот број на следбеници порасна на речиси 2 милиони, а веќе денеска има 6 милиони и продолжува да расте.
View this post on Instagram
Возиња имаше седум одбрани против Шпанија и беше прогласен за најдобар играч на натпреварот. Шпанците имаа вкупно 27 удари кон голот.
Cape verde Draw Against Spain 🔥
What a One Man Show !! By Goalkeeper Vozinha #Spain #Fifaworldcup pic.twitter.com/kuHqnwLIKA— ⚽ Dr. Sana ⚽ (@Blackmemex0) June 15, 2026
Шпанија е втора на светската ранг-листа, додека Зелено’ртските Острови се на 67 позиција.
За својата репрезентација Возиња одигра 89 натпревари и прими прими 81 гол. Тој на 36 натпревари ја зачува мрежата „чиста“.