60 МРТВИ ОД ЕБОЛА ВОВ КОНГО, 344 ЗАРАЗЕНИ Одговорот на епидемијата сè уште доцни, предупреди СЗО

Епидемијата на ебола од Конго се прошири и во соседна Уганда, каде се потврдени 15 случаи.

0

Во Демократска Република Конго се потврдени 344 случаи на ебола, а 60 пациенти починале од болеста, соопшти Светската здравствена организација.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус рече дека одговорот на епидемијата сè уште доцни, но дека здравствените служби „под водство на владата на ДР Конго, ја стасуваат епидемијата“.






Епидемијата на ебола од Конго се прошири и во соседна Уганда. Министерството за здравство на Уганда соопшти дека во земјата до вчера се потврдени 15 случаи на ебола.

Според податоците на Министерството за здравство на Уганда, од избувнувањето на епидемијата на ебола во земјата починал еден пациент.

Поврзани содржини