🎥 БРУТАЛНА ОДМАЗДА НА ИРАН ВРЗ КУВАЈТ Ракетиран аеродромот, најмалу 63 луѓе се повредени

Кувајт прогласи двајца членови на иранската дипломатска мисија за персона нон грата и побара нивно итно заминување од земјата, а остри реакции кон Техеран упатија повеќе земји од Блискиот Исток.

3

Иранските сили извршија жесток воздушен напад врз Кувајт, а главна цел беше меѓународниот аеродром во Кувајт. Според кувајтското Министерство за здравство, најмалку 63 лица се повредени во нападот. Тоа беше еден од најкрвавите напади врз држава од Пеерскискиот Залив од почетокот на војната на САД и Израел со Иран.

Портпаролот на министерството потврди дека 7 од повредените се итно префрлени за сложени операции.






Индиската амбасада во Кувајт соопшти дека во нападот е убиен и еден индиски државјанин и дека се во контакт со семејството на жртвата.

Државната новинска агенција КУНА, повикувајќи се на Министерството за одбрана, објави дека терминалот 1 на кувајтскиот аеродром е сериозно оштетен во нападот. Видеата од социјалните медиуми покажуваат пожари и обемно уништување во самата зграда.

Попладнево Кувајт категорично ги отфрли тврдењата на Техеран дека Соединетите Американски Држави ја користеле кувајтската територија и воздушниот простор за извршување воздушни напади врз Иран.

Реакцијата уследи откако иранскиот вршител на должноста амбасадор беше итно повикан во Министерството за надворешни работи. Заменик-министерот за надворешни работи Хамад Сулејман Ал-Машан му предаде нота во која се истакнува „категоричното одбивање на Кувајт да се користи неговата територија или воздушен простор за какви било непријателски дејствија против која било земја“.

„Лажните ирански тврдења се целосно неосновани и не се потпираат на никакви докази“, соопшти кувајсткото МНР.

Исто така, Кувајт прогласи двајца членови на иранската дипломатска мисија за персона нон грата и побара нивно итно заминување од земјата.

„Заменик-министерот за надворешни работи објасни дека оваа одлука е директна последица на континуираните и непопустливи ирански напади со балистички ракети и беспилотни летала, кои беа повторени денес во зори, а во кои беа цел голем број цивилни згради и витални објекти, вклучувајќи го и меѓународниот аеродром во Кувајт, а оштетена е и една дипломатска мисија“, се вели во официјалното соопштение.

Корпусот на Ианската револуционерна гарда (ИРГК) во врска со ноќните напади во Персискиот Залив им порача на САД дека одмаздничките напади „треба да послужат како лекција“.

Во соопштението се вели дека американските сили први ги почнале нападите.

„Доцна синоќа американски воен авион погоди ирански танкер за нафта во близина на Ормускиот Теснец со ракета воздух-воздух, оштетувајќи ја машинската просторија на танкерот. Како одговор на овој чин на агресија и кршење на прописите за Ормускиот Теснец, морнарицата на ИРГК испука ракети кон брод на американско-ционистичкиот непријател, по име Панај“, соопшти ИРГК.

Според Техеран, американската војска потоа таргетирала комуникациска кула на ИРГК на островот Кешм, предизвикувајќи нов ирански одговор.

„Како одговор, воздухопловните сили на ИРГК извршија ракетни и беспилотни напади врз нивната воздушна и хеликоптерска база во една од земјите во регионот, како и врз седиштето на Петтата флота на САД. Веќе предупредивме дека секој чин на агресија ќе биде пречекан со поинаков и пожесток одговор, и така постапивме. Повторуваме дека поткопувањето на безбедноста на Ормутскиот теснец ќе ја чини скапо агресивната американска војска“, соопшти ИРГК.

Американската воена команда нагласи дека целта на нападот била иранска воена контролна станица на копното, а нападот бил извршен како одговор на постојаните обиди на Иран да нападне низ целиот Блиски Исток.

Американците потврдија дека собориле три ирански беспилотни летала што ги таргетирале цивилните бродови во регионалните води преку ноќ. Претходно, американските сили, како дел од поморската блокада на Ормутскиот Теснец, погодија и онеспособија празен танкер за нафта што пловел под знамето на Боцвана кон Иран.

Државната управа за цивилно воздухопловство на Куајт потврди дека се оштетени неколку објекти, а воздушниот сообраќај е суспендиран.

Зградата со Терминал 1 беше отворена вчера, откако претходно се санираа штетите предизвикани од претходниот ирански напад.

Повеќе  арапски земји остро ја осудија агресијата на Иран. Министерството за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати отворено ги прогласи иранските напади за „терористички напади“ и изрази целосна солидарност со нападнатите земји.

Саудиска Арабија испрати остра порака преку своето МНР, изразувајќи „најсилна можна осуда на бруталната иранска агресија и дрското кршење на суверенитетот на братското Кралство Бахреин и братската држава Кувајт“.

Катар ги смета овие напади за „сериозно кршење“ на суверенитетот на Кувајт и Бахреин, но и за директно кршење на Женевските конвенции и меѓународното хуманитарно право.

Јордан ги нарече иранските потези „флагрантно кршење на територијалниот интегритет на соседните држави и јасно кршење на Повелбата на ООН“, додека јеменското Министерство за надворешни работи изјави дека ракетните напади „ја разоткриваат терористичката природа на иранскиот режим, чиј единствен пристап е да ја уништи регионалната стабилност“.

Нападите врз цивилни цели на крајот беа осудени и од либанскиот претседател Џозеф Аун, кој рече дека Техеран на тој начин грубо ги прекршил основните принципи на меѓународното право.

 

📽️ САД И ИРАН РАЗМЕНИЈА НАЈЖЕСТОКИ НАПАДИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 2 МЕСЕЦА Тревога во Кувајт и во Бахреин, преговорите во ќорсокак

Поврзани содржини