ДОБИЛ ИЗГОРЕНИЦИ ПРИ РАБОТА НА ТРАФОСТАНИЦА Повреден работник на МЕПСО

За настанот е известен трудов инспектор.

0

Повреден е 43-годишен скопјанец, работник на МЕПСО, кој работел на трафостаница на патот Битола-Прилеп.

„На 2.6.2026 година во 10 часот во СВР Битола од Итна медицинска помош Битола е пријавено дека кај нив со изгореници бил донесен Д.Д.(42) од Скопје, вработен во АД МЕПСО. Според пријавеното, со повредите се здобил при извршување на работни задачи во трафостаница на патот Битола-Прилеп, кај селото Крклино. Увид изврши увидна екипа на СВР Битола“, соопшти битолската полиција.






За настанот е известен трудов инспектор, се додава во соопштението.

Поврзани содржини