ИЗГУБИЛА СВЕСТ, ПАДНАЛА И УДРИЛА ВО ТОВАРНО ВОЗИЛО Тешко повредена 73-годишна жена во Струга

73-годишна жена од Струга е тешко повредена откако паднала на улица во населбата Плитишта и се удрила во товарно возило „Ивеко“, соопшти полицијата.

56

73-годишна жена од Струга е тешко повредена откако паднала на улица и се удрила во товарно возило, информира Министерството за внатрешни работи.

Според пријавата во ОВР Струга, на 02.06.2026 околу 13:00 часот, од Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид било пријавено дека кај нив е донесена С.С. (73) од Струга со тешки телесни повреди.






Како што наведува полицијата, несреќата се случила во населбата Плитишта, струшко, додека жената се движела по улица. Во еден момент таа изгубила свест, паднала и се удрила во товарно возило „Ивеко“ со струшки регистарски ознаки.

Возилото го управувал И.И. (40) од село Радолишта, струшко.

На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на ОВР Струга, а се работи на целосно расчистување на околностите под кои дошло до несреќата.

Поврзани содржини