📽️ ЛУЃЕ СКОКАЛЕ ОД ЗАПАЛЕНИОТ ХОТЕЛ ЗА ДА СЕ СПАСАТ Повеќе од 20 загинати во пожар во Њу Делхи

Голем пожар во хотел во Њу Делхи однесе најмалку 21 живот, додека десетици луѓе во паника скокаа од прозорци за да се спасат, а спасувачите на улица поставуваа душеци за да ги ублажат падовите.

90

Најмалку 21 лице загина во голем пожар што избувна во хотел во Њу Делхи, соопшти индиската полиција. Во трагедијата се повредени десетици лица, додека повеќе од 40 биле спасени и префрлени во болници.

Според сведоштва на очевидци, дел од гостите во очај скокале од прозорците на запалениот објект за да ги спасат своите животи. Локални жители и минувачи се обиделе да помогнат, поставувајќи душеци за да ги ублажат падовите.

 






– Луѓето ги распоредија душеците, а една жена од третиот кат скокна со мало дете врз нив – изјавил очевидец за локалните медиуми.

Пожарот, според првичните информации, избувнал на приземјето и првиот кат од четирикатната зграда. Се претпоставува дека изворот на огнот бил ресторан сместен во објектот.

– Се известува дека на приземјето имало ресторан… Најверојатно пожарот е поврзан со него – изјави локалниот службеник Џитендра Кумар.

 

Огнот избувнал околу 9 часот наутро по локално време и бил ставен под контрола неколку часа подоцна, околу пладне.

Индискиот премиер Нарендра Моди изрази сочувство до семејствата на жртвите, наведувајќи дека властите обезбедуваат целосна помош за погодените.

Поврзани содржини