📽️ УЛИЦАТА БУКВАЛНО ЈА ПРОГОЛТА Гледала во телефонот, па исчезнала во шахта сред бел ден

33-годишна жена од Бразил паднала во шахта додека одела по улица гледајќи во телефонот. Спасена е благодарение на брзата реакција на случаен минувач.

0

счезна под земја за секунда: Жена падна во шахта додека гледала во телефонот

Неверојатна сцена снимена на улица во Бразил стана вирален хит на социјалните мрежи, откако жена буквално исчезна под земја пред очите на минувачите.






33-годишната Фабијана Роса одела по тротоарот додека гледала во својот мобилен телефон, кога одеднаш стапнала на шахта која изгледала затворена.

Во истиот момент капакот се отворил под нејзините нозе, а жената пропаднала во отворот. Според локалните медиуми, по падот капакот повторно се затворил, оставајќи ја Фабијана заробена под земја.

 

За среќа, драматичната сцена ја забележал мотоциклист кој веднаш застанал и ѝ притрчал на помош. Благодарение на неговата брза реакција, жената била извлечена без потешки последици.

– Мислев дека ќе умрам – изјавила Фабијана за локалните медиуми по инцидентот.

По несреќата се огласиле и градските власти во Рио де Жанеиро. Според нивните информации, капакот на шахтата не бил правилно поставен откако неколку часа претходно крадци се обиделе да украдат кабли од подземната инфраструктура.

Инцидентот повторно ја отвори дебатата за безбедноста на јавната инфраструктура во бразилските градови, особено на места каде претходно биле регистрирани кражби на кабли и оштетувања на шахтите.

Поврзани содржини