ЕДНА ОД НАЈТЕШКИТЕ САНКЦИИ ВО ПОНОВАТА ИСТОРИЈА НА ФФМ Еве што „заработија“ Шкендија, Вардар и Силекс

Тетовскиот клуб доби најтешка казна во поновата историја на македонскиот фудбал, додека парични санкции заработија и Силекс и Вардар.

0

Шкендија доби жестока казна по случувањата на финалето од Купот на Македонија против Силекс. ФФМ одлучи тетовскиот клуб да плати вкупно 105.000 евра за повеќе обвиненија, следната сезона нема да настапува во Купот, а четири домашни натпревари ќе игра без публика.

Одлуката на Фудбалската федерација на Македонија следува поради употреба на пиротехника, националистички скандирања, навредливи пораки на национална основа, истакнување спорен транспарент и однесувањето по завршувањето на натпреварот, вклучително скандалот со одбивањето на медалите.






Од друга страна, клубот Силекс е казнет со 5.000 евра поради пиротехника на финалниот натпревар.

Парична казна доби и Вардар. Новиот шампион ќе треба да плати 15.000 евра поради навредливо скандирање од трибините и поради несоодветна прослава на титулата.

ФФМ исто така отвори и нова дисциплинска постапка против Вардар поради употреба на пиротехника на дербито против Шкендија.

Поврзани содржини