АВИОН ОД ИЗРАЕЛ ОДБИЕН ДА СЛЕТА ВО ЉУБЉАНА Леталото заврши во Загреб по забраната

Израелски авион кој требал да слета во Љубљана е пренасочен кон Загреб, додека авиокомпанијата зборува за политички мотивирана одлука, а словенечките власти засега молчат.

0

Авион на израелската авиокомпанија „Изрер“, кој требало да слета на аеродромот во Љубљана, е пренасочен кон Загреб, откако словенечките власти не одобриле слетување, јавуваат меѓународни медиуми.

Од авиокомпанијата „Изрер“ тврдат дека одлуката е политички мотивирана и дека е во спротивност со авионските договори и правилата на Европската Унија. Сепак, засега не се објавени официјални детали за причините поради кои е одбиено слетувањето.






Словенечките власти сè уште не се огласиле во врска со инцидентот, па останува нејасно дали одлуката е поврзана со политички околности или со други безбедносни или административни причини.

Случајот доаѓа во период на зголемени дипломатски тензии во регионот. Словенија во 2024 година ја призна Палестина како држава, а во 2025 година воведе санкции кон израелските министри Итамар Бен-Гвир и Безалел Смотрих.

Поврзани содржини