ВО ИДРИЗОВО ОТВОРЕНА ДИГИТАЛНА СУДНИЦА Тупанчески вели дека со ова ќе може да се суди и без физичко присуство (ГАЛЕРИЈА)

Меѓу придобивките што ги носи оваа судница, Тупанчески рече дека функционалниот аудиоконференциски систем дава можност за судење без физичко присуство и дека ќе се обезбеди заштита и сигурност на граѓаните во главниот град.

96

Министерот за правда, Никола Тупанчески, на денешното отворање новоопремената дигитална судница во Казнено-поправната установа Идризово истакна дека оваа судница нуди најсовремени услови за спроведување на судски процес.

Меѓу придобивките што ги носи оваа судница, Тупанчески рече дека функционалниот аудиоконференциски систем дава можност за судење без физичко присуство и дека ќе се обезбеди заштита и сигурност на граѓаните во главниот град.






– Ова е  најголемата и најопремената судница во Република Северна Македонија со судска сала од 290 м2. Изградена е по примерот на судниците во државите со големо искуство во сузбивањето на организираниот криминал. Комплексот располага со посебни влезови за осудени лица, за службени лица, како и за јавноста која ќе присуствува на овие судења и посебен дел за новинарите – информираше Тупанчески.

Посочи дека судницата нуди најсовремени услови за изведување на судски процеси, додека функционалниот аудио-конференциски систем со кој располага судницата дава можности за судења без физичко присуство на учесниците во судските процеси.

– Користењето на оваа судница ќе има сериозен импакт во насока на намалување на трошоците за судските процеси за обезбедување и транспорт, кои значително ќе се редуцираат. Ќе се обезбеди поголема заштита на безбедноста и сигурноста на граѓаните на главниот град и нема да се наруши непреченото, нормално функционирање на градот преку блокирање на сообраќајот, рече министерот Тупанчески и додаде дека Првото судење во најголемата дигитална судница во Идризово ќе се одржи на 14 декември.

Претседателот на Адвокатската комора, Љубомир Михајловски, во изјава за медиумите истакна дека отворањето на оваа судница е еден голем исчекор во работењето на целокупниот систем на Министерството за правда, посебно во работењето на судовите, обвинителствата, како и на адвокатите, за коишто рече дека се дадени максимални услови во поглед на можностите за спремање на одбраната како и давање на соодветна одбрана во текот на судењето.

Претседателот на комисијата за ревизија на АКМИС системот при МП, Лазар Нанев, рече дека пуштена е во функција една од најдигитализираните судници, не само во нашата земја, туку генерално и во целиот регионот.

Потоа, претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, рече дека придобивките од оваа нова голема судница пред се ги има судството, меѓутоа бенефити ќе имаат и судиите, обвинителите, адвокатите и секако правдата.

 

фото: МИА
фото: МИА
фото: МИА
Поврзани содржини