ЗАТВОРЕНИК ВО „ИДРИЗОВО“ ПОЧИНА ОД СТРУЕН УДАР Се качил на бандера и фатил жица

247

Трагичен настан се случил во Казнено-поправната установа „Идризово“, каде што животот го загубил 42-годишен маж.

Како што информираат од МВР, на 29 август во 14:43 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на внатрешното шеталиште во установата, Н.И. (42) од село Дебреште се качил на бандера и се фатил за жица која била под електричен напон.






При инцидентот тој паднал, по што лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Од полицијата информираат дека преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани содржини