ВЕЕЛЕ ЗНАМИЊА НА ГОЛЕМА АЛБАНИЈА Полицијата на тројца ќе им поднесе пријави

Министерството за внатрешни работи најави поднесоци против тројца граѓани кај кои на вчерашниот Ден на албанското знаме е најдено знаме на т.н. Голема Албанија, која опфаќа дел од територијата и на Македонија.

0

Министерството за внатрешни работи најави поднесоци против тројца граѓани кај кои на вчерашниот Ден на албанското знаме е најдено знаме на т.н. Голема Албанија, која опфаќа дел од територијата и на Македонија.

„На 28.11.2026 во 15:10 часот на улицата Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници сопреле патничко возило ‘голф’ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.Т. (40) од Скопје, на кое имала истакнато две знамиња на Голема Албанија со натпис ‘Autochtonous’“, соопшти полицијата.






Истиот ден во 15:30 часот на Плоштад Скендербег во Скопје, полициски службеници го забележале Ј.А. (21) од с. Драчевица, скопско, кој во раката носел исто такво знаме.

„На 28.11.2026 во 21:45 часот на крстосница меѓу улиците Ѓорче Петров и Кузман Шапкарев во Скопје, полициски службеници сопреле патничко возило ‘цитроен’ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Р.И. (21) од село Сарај, скопско, а на кое имало истакнато знаме на Голема Албанија со натпис ‘Autochtonous’“, информира МВР во својот билтен.

МАЖ НОСЕЛ ПИШТОЛ, ДЕТЕ ДИВЕЕЛО ВО СООБРАЌАЈОТ, СТАВИЛЕ ЗНАМЕ ВРЗ ПОЛИЦИСКО ВОЗИЛО… Тројца уапсени при прославите на Денот на албанското знаме

Поврзани содржини