ГО РАСЕКЛА СВОЈОТ ТАТКО СО ОСТАР ПРЕДМЕТ Уапсена 28-годишна битолчанка

Синоќа во 22:30 часот, полициски службеници од СВР Битола ја лишиле од слобода Г.И.(28) од Битола.

0

Уапсена е битолчанка откако, според пријава, во семејниот дом со остар предмет го нападнала својот татко и му нанела повреда, информира СВР Битола.

Синоќа во 22:30 часот, полициски службеници од СВР Битола ја лишиле од слобода Г.И.(28) од Битола. Според пријавеното, 28-годишната жена во семејниот дом го нападнала својот татко со остар предмет, при што му нанела расекотина.






Од полицијата додаваат дека по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена пријава.

Поврзани содржини