ТРАГЕДИЈА НА ПЛАЖА ВО АЛБАНИЈА Татко и две малолетни деца се удавија во разбранетото море

Поморските служби веднаш интервенирале за да ги спасат, но без успех, тројцата починале од силните морски струи.

2,113

Трагедија денеска се случи на албанското крајбрежје, во која семејство од Тирана, остана без тројца свои членови, кои се удавија кај познатата плажа Виле-Боштово, кај Каваја.

Лицето идентификувано како Елвис Халилај на 50-годишна возраст и неговите двајца малолетни синови на 13 и 15 години се удавиле додека пливале во морето.






Поморските служби веднаш интервенирале за да ги спасат, но без успех, тројцата починале од силните морски струи.

Помош се обиделе да дадат и затекнатите капачи на плажата, но безуспешно. Телата се предадени на обдукција.

Поврзани содржини