СО БЕНЗИН ОПОЖАРИЛ „ФОЛКСВАГЕН“ НА ПАРКИНГ Уапсен е 36-годишник од Прилеп

На 25.01.2025 околу 22.30 часот на ул.„Пенка Котеска“ во Прилеп, пријавениот со бензин предизвикал пожар во паркирано патничко возило „фолксваген шаран” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Г.Ј.(49) од Прилеп, информираше МВР.

289

Прилепската полиција уапсила 36-годишно лице кое се сомничи дека со бензин предизвикало пожар во „фолскваген шаран“ со прилепски регистарски ознаки.

„На 25.01.2025 околу 22.30 часот на ул.„Пенка Котеска“ во Прилеп, пријавениот со бензин предизвикал пожар во паркирано патничко возило „фолксваген шаран” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Г.Ј.(49) од Прилеп“, информираше МВР.






По преземени мерки и активности, на 29.01.2025 во 12.00 часот С.С. бил пронајден и лишен од слобода, по што му е поднесена пријавата.

„СВР Битола- ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против С.С.(36) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од Кривичниот законик“, се вели во полицискиот билтен.

 

Поврзани содржини