ПОЛИЦАЈЦИТЕ ПУКАЛЕ ВО ВОЗДУХ ЗА ДА ГО СОПРАТ Тетовец удрил полицаец со вратата од својот „опел“

Тој бил следен, при што полициски службеник испукал два предупредувачки куршума во воздух. Околу 22.05 часот, возилото е пронајдено, а Ш.Р. бил задржан во полициска станица, се вели во полицискиот билтен.

451

Тетовец со автомобил се дал во бегство откако не застанал на знакот за запирање од полицајците, па еден службеник морал да испука два предупредувачки куршуми во воздухот, информира МВР.

„Возилото било запрено на улица Радован Цониќ, но Ш.Р. со вратата од возилото удрил полициски службеник и се дал во бегство“,  се вели во полицискиот билтен.






Понатаму, во соопштението се вели дека „тој бил следен, при што полициски службеник испукал два предупредувачки куршума во воздух. Околу 22.05 часот, возилото е пронајдено, а Ш.Р. бил задржан во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“.

Во возилото кое го управувал 21-годишникот имало уште три машки лица.

„На 29.01.2025 во 22.05 часот на улица Цветан Димов во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.Р.(32) од Тетово. Управувајќи патничкото возило „опел“ со скопски регистарски таблички, во кое имало уште три машки лица, тој на ул. Тодор Циповски Мерџан во Тетово не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници“, стои во написот.

 

Поврзани содржини