ВАРДАР СЕ ВРАЌА ТАМУ КАДЕ ШТО МУ Е МЕСТОТО „Црвено-црните“ ја почнуваат европската авантура против „Мелсунген“
Одлична вест за македонскиот ракомет и за сите верни навивачи на „црвено-црните“. По петгодишна пауза, РК Вардар 1961 повторно е дел од најелитното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите! „Црвено-црните“ европската авантура ја започнуваат на гостински терен, против силниот германски состав Мелсунген.
Натпреварот ќе се одигра во салата во Касел, со почеток во 20:45 часот. Ова ќе биде првото коло од групата Б во новата сезона на најквалитетното европско клупско натпреварување.
Вардар и Мелсунген во претходниот период одиграа неколку меѓусебни натпревари во Европската лига. Минатата сезона, одиграа два меѓусебни натпревара во Европската лига. Сега следува нова пресметка, во различни околности и на повисоко натпреварувачко ниво.
Како партнер и силен поддржувач, Видеолотарија Касинос Австрија јавно ја дава својата поддршка и верба во победничкиот менталитет на двократниот европски шампион, посакувајќи му успешна сезона и нова шампионска титула.
– Со среќа Вардар! – му посака Видеолотарија Касинос Австрија.