📽️ АСОТ ДАДЕ ГОЛ, ДОБИ ПЦОВКИ ОД ДЕ ПОЛ „Идиоту, имам светско, што имаш ти?“
Полјакот го отвори резултатот за Чикаго, Каземиро израмни по асистенција на Меси, а финишот го одбележа жестоката пресметка меѓу двете ѕвезди.
Роберт Левандовски и Родриго Де Пол влегоа во жестока кавга на натпреварот меѓу Чикаго и Интер Мајами, откако Полјакот претходно се судри со Иан Фреј. Де Пол се вмеша, двајцата се туркаа лице в лице, а според читањето од усни Аргентинецот му ги набројувал своите трофеи на Левандовски.
– Кој си ти, идиоту? Освоив две Копа Америка и едно Светско првенство! Што имаш ти? – му рекол Де Пол на Левандовски според читањето на усните од снимката, пишува Марка.
Од снимката не е јасно дали Левандовски му одговорил нешто на Де Пол. Тој благо се насмевнува.
Допирањето во лицето и самата сцена беа навистина срамни. Изразот на лицето на одличниот напаѓач јасно го покажа тоа.
Фудбалскиот дел од вечерта почна подобро за Чикаго. Левандовски го отвори резултатот во 10. минута по додавање од Ендрју Гатман.
Интер Мајами израмни веднаш по паузата. Меси нафрли од корнер, а Каземиро со глава погоди за 1:1 во 48. минута.
Резултатот не се промени до крајот.
Este intercambio de palabras entre Rodrigo De Paul y Lewandowski 👀🔥
(vía MLS por Apple TV) pic.twitter.com/luepiNEFLd
— ESPN Deportes (@ESPNDeportes) September 10, 2026