ОСОМНИЧЕНАТА ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОДАТА ВО ГОСТИВАР ОДИ ВО КУЌЕН Продолжува истрагата против ексдиректорката на „Комуналец“

Артана Асани беше уапсена во јули заедно со уште двајца раководители во претпријатието, по што им беше определен притвор.

4

Артана Асани оди во куќен притвор откако гостиварскиот суд ја замени мерката затворски притвор за поранешната директорка на Јавното претпријатие „Комуналец“. Постапката против неа продолжува во рамките на истрагата поврзана со загадувањето на водата за пиење во Гостивар.

Асани беше уапсена во јули заедно со уште двајца раководители во претпријатието, по што им беше определен притвор. Мерката подоцна беше продолжена, а одбраната побара таа да биде заменета со куќен притвор.






Со новата судска одлука, Асани ќе остане лишена од слобода во домашни услови и ќе мора да ги почитува ограничувањата утврдени од судот. Одлуката не значи запирање на постапката, ниту ослободување од сомнежите што се предмет на истрагата.

Асани и другите осомничени се поврзуваат со случајот со загадената вода во Гостивар, кој предизвика здравствени проблеми кај граѓаните и отвори прашања за управувањето и контролата на водоснабдувањето. Според сомнежите, водата од водоводот беше загадена затоа што претпријатието со пумпи внесувало отпадна вода од отворен канал директно во водоводот.

Откако жителите на Гостивар почнаа да доаѓаат во гостиварската болница со стомачни тегоби, се откри дека водата од градскиот водовод е загадена. Надлежните на 17 јули забранија водата да се користи за каква било употреба, а гостиварци неколку недели се снабдуваа со цистерни и со помош од Владата.

Екипи на скопски „Водовод“ ја прочистија мрежата, по што Гостивар од 14 август повторно доби чиста вода за пиење.

Поврзани содржини