УПАДНАЛ КАЈ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ, ПА СО ОСТАР ПРЕДМЕТ НАПАДНАЛ СУДСКИ ПОЛИЦАЕЦ Насилен инцидент во гостиварскиот суд
И.Ј.(30) Гостивар се гони за „загрозување на сигурноста" и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста".
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.Ј.(30) Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста” и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”.
Пријавениот, насилно влегол во канцеларија на јавен обвинител во ОЈО Гостивар, упатувал закани, а потоа во ходник во Основен суд Гостивар со остар предмет нападнал судски полицаец.