ИЗБУВНА ПОЖАР ВО ФАБРИКА ЗА МАСИ И СТОЛИЦИ ВО КОЧАНИ Пожарникарите го спасија супермаркетот до неа

Засега нема официјална информација за причините поради кои избувнал пожарот.

0

Пожар избувна вчера во фабриката за маси и столици „Истра” од Кочани, при што бил зафатен дел од внатрешноста на објектот.

Интервенирале три противпожарни возила и пет пожарникари, па пожарот бил изгаснат пред да се префрли на халата во која е сместен Кам маркет – информира Територијалната противпожарна единица Кочани.






Едно лице побарало лекарска интервенција поради вдишување на чад, а други повредени нема. Предизвикана е материјална штета која допрва ќе се проценува.

Засега нема официјална информација за причините поради кои избувнал пожарот. За случајот e известено и ОВР Кочани.

Во текот на изминатото деноноќие регистрирани се вкупно 34 пожари на отворен простор, од кои три се активни, а седум се под контрола.

Центарот за управување со кризи информира дека активни се пожарите меѓу селата Буринец – Локов – Селце – Елевци во општина Струга, кај селото Белица, месноста Кајорец кон селото Брезица во општина Македонски Брод и селото Брест кај месноста викана Рамно во општина Чучер – Сандево.

Поврзани содржини