ПО 7 МЕСЕЦИ НА МЕЃУНАРОДНАТА ВСЕЛЕНСКА СТАНИЦА Руско-американски вселенски екипаж се врати на Земјата
По повеќе од 7 месеци поминати на Меѓународната вселенска станица, астронаутите на Роскосмос Алексеј Овчинин и Иван Вагнер и астронаутот на НАСА, Доналд Петит се вратија на Земјата со вселенскиот брод „Сојуз МС-26“.
Руско-американски вселенски екипаж се врати на Земјата денеска со вселенскиот брод „Сојуз МС-26“, објави руската вселенска агенција Роскосмос.
По повеќе од 7 месеци поминати на Меѓународната вселенска станица, астронаутите на Роскосмос Алексеј Овчинин и Иван Вагнер и астронаутот на НАСА, Доналд Петит се вратија на Земјата.
Тројцата работеа во вселената од 11 септември минатата година.
„Излезот од орбитата и спуштањето кон Земјата се одвиваше нормално“, соопшти Роскосмос.
Слетувањето се случило во Казахстан, во близина на градот Жезказган.
На 8 април вселенскиот брод „Сојуз МС-27“ беше лансиран во орбитата со Американецот Џони Ким и Русите Сергеј Рижиков и Алексеј Зубрицки.
Тие им се придружија на екипажот на Меѓународната вселенска станица – Американците Петит, Ен Меклејн и Никол Ајерс, на Русите Овчинин, Вагнер и Кирил Песков и на Јапонецот Такуја Ониши.